Заради законите за заштита при работа ниту една развиена држава во светот не се занимава со распарчување на бродови. Оваа работа комплетно е аутсорсирана во Пакистан, Индија и Бангладеш.
Откако ќе го продадат бродот како старо железо, неговите поранешни сопственици не се претерано загрижени за тоа кој и што ќе прави со него, заради што ова е едно од најтешките и најопасните работни места. Освен директната опасност да се повредиш на работа по најразлична основа, тука е и долгорочната штета од изложеноста на штетни гасови, азбест и најразлични токсични материи кои доаѓаат со бродот.