"Совршениот одговор, во суштина, не е радикална нова перспектива, туку едноставно човек кој кажува работа со која се согласувате, на човек со кого не се согласувате. Ова е еден вид лингвистички шок, перфектно составен одговор кој треба да ги сопре троловите во нивниот троловски јуриш и да ги присили длабоко да размислат за тажниот крш што е нивниот потрошен живот. Што значи дека перфективниот одговор во голема мера е производ на колективната интернет фантазија.
Без разлика колку е честа оваа идеа, во реалноста поверојатно е да најдеш цивили кои онлајн оплакуваат некоја долга, неповрзана и фрустрирачка расправија што ја имале на Фејсбук со некој блесав противник на вакцинирањето, и која завршила со лупање на тастатурата со едвај воздржан бес. Или да гледаш луѓе како се обидуваат да се засолнат кога на Твитер лавина омраза е насочена кон нив. Војните на троловите постојано се потпалувани од луѓе на двете страни кои веруваат дека се на само еден пост од конечно пишување на совршениот одговор: ласерски наведуваната паметна бомба полна знаење и проникливост која конечно ќе го остави нивниот непријател занемен и понижен. Сепак ова никогаш не се случило, никогаш. Ниту една онлајн расправија не завршила како вашата фантазија за давање одговор налик оној што Бартлет и го даде на хомофобната радио-водителка (момент од серијата Западно крило). Совршениот одговор, иако е чест во теорија, е толку привлечен затоа што, во пракса, е толку редок што речиси и да не постои. Ова е само фантазија кон која тежнееме, и на која со задоволство се навлекуваме, бидејќи реалната интернет интеракција може да биде толку несовршена, и фрустрирачка, и истоштувачка, и тешка. Потезите во реалната дебата исто така можат да бидат сето ова, меѓутоа таа го има и привлечниот нуспроизвод за потенцијално предизвикување на некаква промена, нешто што совршениот одговор никогаш не го направил. Токму така воопшто и го добивме феноменот на совршен одговор - тоа е несовршен одговор на тоа колку тешка може да биде реалната комуникација."
Клипот со претседателот Барлет