По сите основи глутен треба да избегнуваат две групи на луѓе: тие што имаат алергија на жито и тие што имаат целијакија (не поднесуваат глутен). Првиот проблем зафаќа 0,1% од населението, вториот околу 1%.
Проблемот со точната дијагноза е што нема тест кој може да покаже дали некој е чувствителен на глутен или некој е чувствителен на плацебо ефект.
"Затоа што нема тест за чувствителност на глутен, 'дијагнозите' се базираат на тоа дали пациентот ќе каже дали се чувствува подобро кога избегнува глутен. Ама мозокот е моќна работа. Па дури и да мислиш дека избегнувањето глутен ќе направи да се чувствуваш подобро, постои добра шанса дека тоа и ќе се случи - дури и ако глутенот е нерелевантен," пишува професорката од Браун Универзитетот, Емили Остер, во текстот за 538.
Таа објаснува дека ова и прави проблеми на науката, бидејќи не можат да се спроведат стандардните истражувања кои ќе покажат дали луѓето имаат корист од избегнување глутен или не. Проблемот е во плацебо ефектот кој може да ги наведе научниците погрешно да заклучат дека на пример, избегнувањето леб е корисно за испитаниците.
Таа смета дека треба да се спроведат студии во кои едната група ќе консумира глутен, а втората нема, меѓутоа ниту една од нив да не знае во која група се. Спроведени се две вакви студии, од еден исти тим. И двете студии даваат спротивни резултати.
"Ако немаш целијакија или алергија на жито и искусуваш вознемирувачки гастроинтестинални симптоми по јадење глутен, тогаш има 1 спрема 100 шанси дека проблемот потенцијално е во глутенот. Ако го отстраниш глутенот од исхраната и ова направи да се чувствуваш подобро, тогаш ок. Иако најверојатно сè ти е во главата.
Ако го отстрануваш глутенот заради која било друга причина, се што ќе се случи е да се чувствуваш исто, ама без задоволството да јадеш леб кој има вкус на леб," објаснува Остер.