
Хитлер
Во 1943-та претходникот на ЦИА, Канцеларијата за стратешки сервиси, бара од Психолошката клиника на Харвард да изработи профил за Хитлер базирана на далечински опсервации. Завршуваат со извештај на 240 страни на кој се заклучува дека Хитлер е несигурен, мазохист и самоубиствен невротичен нарцис кој себе се гледа како "уништувач на застареното еврејско христијанско суперего."
Тие наведуваат дека тој страдал од "хистерично слепило" додека бил војник во Првата светска војна. Извештајот надополнува: "Сексуално тој е комплетен мазохист... Долго криената тајна на хетеросексуална фантазија на Хитлер беше откриена од систематска анализа и корелација на околу 3.000 несекојдневни метафори што ги користи во Мојата борба... и сепак - Хитлер, е импотентен. Тој не е оженет а неговите стари познаници кажуваат дека тој не е способен за консумирање на сексуалниот акт на нормален начин."
Хо Ши Мин
Извештајот останува запечатен ама магазинот Форин Полиси во 1994-та цитира поранешен маринец кој го читал извештајот, според кој ЦИА погрешно ги прочитала политичките мотивации и цели на Хо Ши Мин, неговото досие го "пренагласило марксизмот на Хо и го потценило неговиот жесток национализам."
Никита Хрушчов
ЦИА го преставува како "суров селанец кој сака да биде непредвидлив и дволичен." Тој има неверојатна способност да ја проектира сопствената моќна персона... Способен е за неверојатна искреност, посебно кон самиот себе, меѓутоа е и сериозно добар во калкулиран блеф.
Фидел Кастро
Не е луд, ама е толку нервен и нестабилен што е прилично ранлив на одредени видови психолошки притисок. Има постојана потреба да се бунтува, да најде непријател, и да ја прошири својата лична моќ со отфрлање на некој постоен авторитет.
Егоизмот му е Ахилова пета.
Анвар Садат
Профилот е правен пред преговорите во Камп Дејвид, меѓу Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател, Картер.
Тие го проценуваат Садат како човек кој ја гледа големата слика, (наспроти него Бегин е насочен на детали). Садат има голема самодоверба и посебно високо мислење за себе, заради што му успева да излезе од културната изолираност на арапскиот свет. Се гледа себе си како голем стратег.
Муамер Гадафи
"И покрај општото мислење Гадафи не е психотичен, и во најголем дел има претстава за реалноста. Меѓутоа се смета дека тоа страда од пореметување на личноста... Кога е под сериозен притисок, тој знае да примени бизарно однесување што може да го доведе до погрешни процени."
Садам Хусеин
И покрај етикетите што ги добива, Садам не е ниту лудак ниту мегаломан. Неговиот единствен нагон е личната моќ и моќта на Ирак. Агресијата ја користи инструментално, и користи која и да е сила што му е потребна за остварување на целите. Нема намера да е маченик, и преживувањето му е главен приоритет. Во случај на војна не би се борел до уништување на последниот бункер.