Европа во џебот на Кремљ

Народните партии и од левицата и од десницата на европските избори од минатиот мај освоија околу една четвртина од местата. Според Економист ова само го зголеми стравот од формирање про-руски блок во Стразбур.

Во Грција, сега владечката левичарска партија Сириза е наклонета кон Русија. На 11-ти февруари новиот грчки министер за надворешни работи беше во посета на Москва - ова беше негова прва посета на главен град надвор од ЕУ. Сириза не е за санкции против Русија, и се противи на нивно проширување. Друга левичарска про-руска партија е Подемос од Шпанија, која води на анкетите, и чиј лидер го обвинува Западот за дупли стандарди во односите со Русија.

Францускиот Национален фронт, една од најекстремните десничарски партии, отворено го обожува Путин. Лидерката на партијата, Марин Ле Пен, често ја посетува Москва, а неодамна доби позајмица од 9,4 милиони долари од Првата Чешко Руска Банка, која индиректно ја поврзуваат со Кремљ. Ова наводно треба да е прва транша од позајмицата од 40 милиони долари. Ле Пен во своја одбрана изјавила дека била одбиена од Западните банки.

Унгарската радикално десничарска партија, Јобик, која освои 20% од гласовите на изборите во април, исто така е про-руска. Во 2013-та нивниот лидер ја опиша Русија како Чуварот на европското наследство, наспроти подмолната ЕУ. Нејзините претставници во Европскиот парламент, лобираат во корист на руските интереси и поддршката за инвазија на Крим. И владејачката партија во Унгарија, Фидес, исто така гаи блиски врски со Русија.

13 февруари 2015 - 12:03