Парите што ги добива Пентагон се делат на основен буџет, потоа има дополнителен буџет што се користи за водење на постојните војни, и дополнителен буџет за агенции како онаа за Домашна безбедност или Крајбрежна стража. Токму оваа поделба ќе биде централна во дебатата меѓу Обама и републиканците за тоа колку пари всушност му се доделени на Пентагон, и дел кој доволно ќе ја збуни јавноста за таа да се откаже од навлегување во расправата.
"Она што останува кристално јасно е дека Америка и понатаму троши повеќе (на воен буџет) од следните 18 држави заедно," пишува професорот по политички науки на Рудгер Универзитетот, Сајмон Рајх.
Процената на професорот е дека од почетокот на векот ставот на експертите е дека "никоја сума не е доволна" за покривање на потребите на Пентагон. За годинава тој очекува да се потрошат околу 1.000 милијарди долари на најразлични одбранбени сервиси.