"Проблемот со овие акциони сцени е што актерите во униформа можат да бидат мети на тероризам. Исто така актерите можат да предизвикаат забуна кај јавноста, за време на овој чувствителен период," изјавила полициската командантка, Силвие Берно, кога ја соопштувала одлуката.
Со новото правило се забранува и користење на лажно оружје или пиротехника, кои ќе бидат конфискувани на лице место. Забраната ќе важи на неодредено време, додека не се смират работите.
Само минатата година во Париз се снимени околу 930 филмови, од кои приближно 20 се во меѓународна продукција. Меѓу сериозно акционите филмови кои во последно време се снимани во градот се Луси на Лук Бесон, Работ на утрешнината со Том Круз, и првиот дел од Грабната со Лиам Нисон.
"Шокирана сум што сведоците на нападите на Шарли Ебдо на телевизија изјавија дека тоа им изгледало како снимање филм," изјавила Берно.