Со класичнотo објаснување "ова го правиме за ваше добро," властите во Порторико промовираат легислатива по која родителите на дебели деца ќе бидат парично казнувани.
Идејата им е ваква: откако надлежните ќе детектираат проблем (тоест ќе измерат дете и тоа ќе испадне подебело од нормативите), ќе поразговараат со родителите и ќе им објаснат што треба да прават и какви мерки да преземат.
По 6 месеци следува контрола на ситуацијата и ако нема видлив напредок, тоест назадување во килажата - казна од 500 долари.
Џабе тамошните разумни луѓе велат дека не може тоа така, дека некогаш има и медицински и генетски причини за нечија дебелина, дека не може вишок килограми директно да се сметаат за случај на родителска запоставеност која треба да биде парично казнета...
Просто, генијални законодавци има насекаде по светов.