Работна недела во Њујорк Тајмс

Печатницата се наоѓа во Квинс и е на површина од 48.000 метри квадратни, доволно голема за работниците да имаат на располагање трицикли за возрасни. Ноќната смена ја држат околу 350 вработени, кои вечерта треба да извадат 300.000 примероци од весникот. За викенди тиражот е два пати поголем.

Весникот го разнесуваат обични камиони и камиони со дополнителна приколка. Во првите собира по 8 палети со весници или 14.000 копии, во вторите околу 24 палети, или 50.000 примероци. Камионите секое утро прават околу 8 тури од печатницата.

Хартијата на која се печати весникот доаѓа во ролни од 1 тон, и дијаметар од 1,3 метри. Печатницата секоја вечер користи околу 3.000 плочи оксидиран алуминиум за печатење на околу 50 страни од весникот. Капацитетот на машините е околу 80.000 примероци на час. Машината (поточно системот од машини) на кој се печати Њујорк Тајмс е само еден од три такви кои се произведени во светот.

целата приказна за весникот, тука

 

12 февруари 2015 - 11:49