Медицинскиот комитет кој ја прави студијата, му дава и ново име на синдромот - систематска нетолеранција на напрегнување.
"Треба еднаш засекогаш да се откажеме од идејата дека ова е само психосоматски и дека луѓето го измислуваат ова, или дека едноставно се мрзливи," објаснува една од членките на комитетот на ИОМ, Елен Рајт Клејтон од Вандербилт Универзитетот.
Според нивниот извештај најверојатно околу 2,5 милиони Американци страдаат од овој синдром, иако бројката може да е и поголема бидејќи овие случаи често пати добиваат погрешна дијагноза, како депресија или некое слично психолошко заболување.
Главни симптоми на болеста се:
- Истоштеност која влијае на твојата способност да правиш општествени, образовни или професионални работи кои некогаш си ги правел, и која трае повеќе од 6 месеци.
- Истоштеност која се влошува откако ќе вложиш физички, метален или емоционален напор.
- Се будиш по цела ноќ спиење и пак не се чувствуваш одморен.
Според извештајот, веројатно имаш и еден од овие два споредни симптоми:
1. Редовно доживуваш знаци на умерени когнитивни нарушувања - на пример не знаеш каде ти се клучевите или си заборавил за некој договорен состанок.
2. Искусуваш нешто што се нарекува "ортостатичка нетолеранција" - што значи дека сите овие симптоми малку се влошуваат кога стоиш, и ова не ти минува се додека повторно не легнеш.