Националниот долг на САД продолжува да расте и на него се додаваат речиси 7 милијарди долари секој ден.
Тешко е и да се сфати таа огромна бројка. Колку многу се 40 билиони долари?
Тоа е 40.000 пати по една милијарда.
Или еден милион, 40 милиони пати повеќе.
Со таков долг, ако САД треба да отплаќаат една милијарда долари долг секој ден, ќе им требаат речиси 110 години за да го отплатат целиот.
Со уплата од еден милион долари дневно, ќе им требаат речиси 110.000 години.
Според податоците на Бирото за попис, населението на САД брои околу 343 милиони луѓе. Тоа значи дека вкупниот национален долг од 40 билиони долари изнесува околу 117.000 долари по Американец.
Сегашниот износ на долгот е удвоен за само десет години. Во август 2016 -та беше нешто под 20 билиони.
А Трамп дигаше аларм дека на 24 билиони долг, Америка станува Грција.
Десетте најбогати луѓе во светот имаат вкупна нето вредност од 2,7 билиони долари. Долгот е речиси 15 пати поголем. И ако продолжите да ги додавате останатите најбогати луѓе во светот, нема да се приближите многу. Вкупната нето вредност на сите 500 најбогати луѓе на индексот на милијардери на Блумберг изнесува нецели 13 билиони долари.
Долгот на САД е поголем од вкупната вредност на златото некогаш ископано. Со моменталната цена на златото, вкупната вредност на целото злато на светот изнесува приближно 33 билиони долари - седум билиони долари покусо од националниот долг.
11-те највредни компании во S&P 500 имаат комбинирана пазарна вредност од приближно 28 билиони долари - сè уште 12 билиони долари помалку од вредноста на националниот долг.
Се проценува дека Меѓународната вселенска станица ќе чини околу 117 милијарди долари, според Европската вселенска агенција. И со таа огромна цена, би биле потребни околу 340 меѓународни вселенски станици за да се достигне вредноста на националниот долг на САД.
Тој е поголем од вкупната вредност на стоките и услугите произведени во американската економија. Економијата на САД, мерена според бруто домашниот производ, беше проценета на над 32 билиони долари во вториот квартал од оваа година.
Петте најголеми светски економии после САД, заедно не тежат колку овој долг. Кина, Германија, Јапонија, Обединетото кралство и Индија имаат кумулиран БДП од 37 трилиони долари.
