Ако не си богат до 45 години, никогаш нема да бидеш

Пророштвото е заклучокот од неодамнешна студија спроведена од истражувачите од американските Федерални резерви, кои доаѓаат до границата од 45 години по анализа на официјални податоци од бирото на социјално осигурување од 1978-ма до денес.

И сиромашните и богатите, најголемиот дел од растот на заработувачката им се случува во првите 10 години од вработувањето, обично во периодот од 25 до 35 години. За време на следната деценија од нивната кариера, луѓето може да очекуваат помал севкупен раст.

По 45 години оние во долните 90% по приходи имаат намалување на заработувачката како група, делумно и затоа што најголемиот дел од луѓето по овој период почнуваат да го намалуваат бројот на работни часови, посебно ако имаат мануелна работа. Границата ги фаќа и 1% од најбогатите, кои исто така имаат минимален раст на плата по овој период.

Слични резултати вади и една неодамнешна студија на истава тема, која прави споредба меѓу супер-богатите (0,1%), богатите (1%) и останатите (99%). И тука приходите достигнуваат плато некаде по почетокот на 40-те години.

13 февруари 2015 - 10:08