Науката и згодните мажи

Официјалниот заклучок од студијата на Брунел Универзитетот е дека згодните мажи се посебични од останатите мажи. Неофицијалниот заклучок од студијата е дека машките научници им љубоморат на згодните мажи, па им вадат муабети.

"Резултатите покажуваат дека ние оправдано очекуваме поатрактивните мажи да се однесуваат помалку пристрасно кон економската и социјалната еднаквост," гласи компликуваниот начин на кој др. Мајкл Прајс сака да каже да згодните мажи се себични.

Во истото истражување учествувале и жени, меѓутоа таму атрактивноста и убавината не влијаеле никако на нивниот просек на себичност.

Оправданието за мажите е дека нивното однесување е наследено уште од античките предци кога физички восхитувачките и застрашувачки мажи се сметало дека имаат поголема веројатност да извадат некој бенефит или да повредат некого, и со тоа ја зголемуваат својата моќ во најразлични социјални ситуации. Ваквото однесување се наследува од генерација на генерација, заради што овие мажи немаат причина да прифатат или побараат менување на сопствениот социјален статус, или да се заинтересирани за социјални норми кои промовираат еднаквост.

12 февруари 2015 - 15:36