Бербата почнува да се користи откако луѓето решаваат да го флашираат виното и шишето да го користат како главен сад за негово чување и транспорт. Производителите и колекционерите на вино се обидуваат да идентификуваат кои години се подобри од други, што пак влијае на нивната цена.
Годината служи за поврзување на грозјето со хидрометеоролошките услови во регионот во годината на бербата, и дали таа година била сува, дали претерано врнело и слично (сето ова влијае на нивото на шеќер во грозјето, што пак влијае на квалитетот и вкусот на виното).
"Ама дали кое било од овие обележја и утврдување кои години се подобри од други, им се воопшто важни на консументите? Апсолутно не. Всушност, има многумина во светот на виното кои неодамна имаа смелост конечно да кажат нешто, објаснувајќи дека не постои лоша берба на вино, постојат само лоши производители на вино. И мора да се согласиме," објаснува Адам Титер на винскиот сајт Вајнпаир.
Тој вади и студија на професор од Универзитетот на Чикаго која покажува дека и најискусните дегустатори на вино не можат да најдат разлика меѓу високо-квалитетни вина и вина под 40 долари. Заклучокот му беше "дегустаторите ќе имаа ист успех и да фрлаа паричка."