Неиздржливата леснотија на твитањето

Новинар на Атлантик прави анализа за тоа колку сообраќај носи Твитер на вебстраните. Колку? Малку.

Дерек Томсон минатата недела пишува статија за патентирањето во САД, и меѓу другото ја објавува и на Твитер, каде што го следат 27.400 луѓе. Благодарејќи на опцијата за преглед на Твитер статистиките, тој ги дознава следните бројки за својот твит:

- 1.062 ретвита
- 636 фејворити
- 155.260 импресии на твитот (колку пати бил виден твитот)

Од овие над 150 илјади прегледи, на сликата во твитот кликнале само 2,9% од луѓето, на линкот кој води до целата сторија на страната на Атлантик кликнале 1% (1.537 кликови). Томсон оди понатаму и вади просек на неговите 100 најпопуларните твитови за минатата година. Просекот е 1,7%.

"Дали социјалната мрежа е само матрица на празни споделувања? Како што ЦЕО-то на Чартбит, Тони Хеил еднаш рече, 'нема никаква корелација меѓу социјалните споделувања и она што луѓето го читаат.' Луѓето читаат без споделување, ама подеднакво често и споделуваат без читање.

Имаше заматено чувство дека Твитер носи сообраќај, а сообраќајот носи слава (или кој и да е зборот што би го дефинирал бенефитот од јавно препознавање). Наспроти, вистината е дека Твитер носи еден вид слава (има луѓе кои навистина се Твитер-славни), а сообраќајот овозможува поинаков вид на слава. Ама тоа се две речиси независни варијабили," пишува Томсон.

Тој на темата го контактира својот колега Робинсон Мајер, кој подобро ја разбира целата работа. Објаснувањето на Робинсон е дека "Твитер е одлична алатка за да ги натераш луѓето да читаат Твитер."

"Од сите овие метрики фер е да заклучиш дека Твитер е бескорисен. Ама ова е несофистициран заклучок. Пософистицираниот заклучок е дека Твитер е бескорисен во рамки на намерата да донесеш сообраќај на твојата вебстрана, бидејќи Твитер не е портал со линкови до други страни, туку хоумпејџ со самостојни фотографии и опсервации. (Иронијата е дека колку повеќе новинарите го сметаат Твитер како портал, тој станува толку подобар во неговата улога како насловна страна на која луѓето седат и чекаат, тука вклучувајќи ги и другите новинари.)

... Минатиот месец создадов речиси 2 милиони импресии за Твитер. Дали тоа е добро за мојот Твитер лик и мојата гордост е квалитативно прашање чиј одговор лежи надвор од границите на алатките за аналитика. Меѓутоа квантитативно тоа не е добро за Атлантик. Нешто кое досега го сомневав сега стана кристално јасно: 99% од мојата работа на Твитер му припаѓа на Твитер," објаснува Томсон.

16 февруари 2015 - 16:23