"Треба да бидеме претпазливи од дизајнирање само за лесно користење. Има многу што треба да се каже за дизајнирање за потешко користење," објаснува првиот човек на Сенс Ворлдвајд (консултантска компанија која работи со Најк, Пепси, Барклејс и Самсунг), Брајан Милар.
1. Задоволството од совладување
Ден Пинк, во книгата Drive, истражува кои работи не' мотивираат. Тој заклучува дека има три состојки за среќен живот: автономија, цел и владеење (совладување на проблем или тема). Кога во некој објект ја дизајнираш можноста за совладување, ти дизајнираш посреќен живот за твоите корисници.
"Совладувањето не се однесува само на комплексни производи. Виљушка е една од наједноставните работи, ама на почетокот од 20-от век пишувани се цели книги за тоа како дамите и господата треба да ги користат нив. Потребен е цел живот за да научиш како се користи суши нож," објаснува Милар.
2. Тешкотијата ги прави работите ексклузивни
Милар пред крахот во 2007-ма работи на софтвер со кој банките можат да го анализираат ризикот. Софтверот работи изненадувачки добро. Пред да се појави софтверот, банкарите на меил ги чекале Ексел извештаите од цел свет и ги составувале во еден извештај, "процес на кој се трошеле неколку часа и информацијата била стара цел ден. Нашиот производ им ги даваше бројките во реално време."
И покрај ова тие имаат проблем да го продадат својот производ. Кога разговараат со клиентите, сфаќаат дека банкарите минале години учејќи како да ги спојат сите бројки заедно, и развиле многу тајни Ексел вештини кои им помагаат при работа. Заради ова тие не сакале ниту да помислат да се откажат од сето тоа во "замена за некоја програма кој може секоја будала да го работи."
3. Опасноста е побезбедна
Економистот Гордон Тулок заклучува дека луѓето имаат конзистентен став кон опасноста. Ако нешто направиш побезбедно, луѓето се обидуваат да ги туркаат границите на оваа активност со цел да ја кренат опасноста на нивоа кои се прифатливи за нив. (На пример возење, стави АБС и луѓето почнуваат подоцна и помалку да кочат.)
"Некои велат дека Тулок дошол до феноменална логика за дизајн: ако сакаш да се намалат несреќите, стави остар шилец на сред волан, насочен кон срцето на возачот. Добро за корисникот? Не. Ама сигурно ќе ги натера луѓето да возат многу, многу, внимателно."
4. Експертско ниво и феноменот на професионални аматери
Како пример за про-ам тој ги дава линуксашите, поточно оној дел кој приватно работи на развивање на оперативниот систем, на кој се базираат огромен број светски сервери и суперкомпјутери (без да навлегуваме во дистрибуции).
Вакви про-ам има во речиси секое поле. Овие корисници не сакаат работите да бидат полесни. Туку тие сакаат да можат да се натераат себе си да ги дадат и извадат најдобрите резултати од производот што го работат. "Додека евтините фотоапарати ги снема заради паметните телефони, растот е кај апарати од над 1.500 долари, кои имаат бескрајно многу опции."
5. Дали правиш да е лесно да се направи нешто лошо?
Луѓето кои го смислуваат маусот, доаѓаат до заклучокот дека е сулудо некој да ги мрда цело време рацете од тастатура на маус, и дека никој не би користел мауси само за да клика на менија. Затоа тие решаваат да стават маус со 5 копчиња со чие наизменично стискање се пишуваат зборови. На крај победува маусот, бидејќи производителите на компјутери заклучуваат дека овие комбинации е невозможно да се научат.