Проблемот со прогонување проституција

Деновиве завршуваше судењето против Доминик Строс-Кан по основа на изнајмување проститутки. Неговата одбрана, барем за случајов, беше непробојна.

Кан требаше да одговара за тоа дека за време приватна забава спиел со платени проститутки, неговата одбрана побара обвинителството/судијата да одговори на едно прашање: ве предизвикувам да најдете разлика меѓу гола проститутка и која било друга гола жена.

Токму овој аспект од одбраната, дека Строс-Кан сред оргиите под влијание на шампањ не можел да направи разлика од жена до жена, изгледа беше клучен да се отфрли обвинението против поранешниот директор на ММФ.

Во понеделникот 5 од 6 тужители се откажаа од своите побарувања од Строс-Кан, затоа што немале никаков доказ што ќе покаже дека тој знаел дека си имал работа со проститутки. (Инаку, во целиот случај немаше никакви обвиненија против Строс-Канза сексуално насилство.)

Затоа што проституцијата не е нелегална во Франција, обвинителството требаше да докаже дека Строс-Кан ја искористил својата позиција и моќ за да ги ангажира проститутките, и самото обвинение беше за "подведување (pimping) девојки."

18 февруари 2015 - 17:15