
Многу помал број од про-ИСИС Сунитите ја поддржуваат и нивната екстремна идеологија. Она што ние го нарекуваме ирачка армија најголемиот дел од арапските Сунити го сметаат за шиитска армија под влијание, ако не и контрола, на Иран. Ова објаснува зошто Турците ги држат отворени границите, како и политиките на Јордан, Саудијците и Емиратите.
Едноставно не ја разбирам нашата стратегија, претпоставувајќи дека воопшто имаме. Ако нашата цел е да се порази идеологијата на ИСИС и неговата поддршка за меѓународниот тероризам, ова не може да се изведе со индиректен оган, И ТОЧКА! Ако (конечен пораз) е нашата цел, тогаш имаме ограничени опции: воена контрола на 25 милиони сириски и ирачки Сунити, што би барало постојана воена сила од 500.000 луѓе со децении; или создавање на услови во кои мнозинството од Сунитите Арапи ќе бидат убедени дека е во нивен личен интерес да се потчинат на идеолошкото малцинство.
Ако нашата цел е едноставно да ги одржиме границите поставени од колонијалните сили во 1919-та, тогаш работа ќе завршат и само воздушните напади. Меѓутоа тука неизбежен резултат ќе биде шиитската контрола на Сирија и Ирак, и засилување на идеологијата и тероризмот на ИСИС.
Користењето на воздушна сила е нашата единствена изводлива воена опција, меѓутоа користење на воздушна сила за ослободување на урбани области, како Мосул, значи и нивно разрушување. Ова само ќе создаде уште повеќе непријатели.
Дојдов до заклучок дека нема никакво воено решение за ова прашање кои може да биде смислено од САД. Меѓутоа верувам дека има политичко решение.
Мора да им дадеме на Сунитите причина за да го отфрлат ИСИС. Ова наложува дека САД ќе треба да го отфрли Сајкс-Пико договорот за поделба на границите, поддржувајќи растурање на Ирак на курдска, шиитска и сунитска држава, која ќе инкорпорира најголем дел од Сирија, додека истовремено и внимателно ќе го десеткува раководството на ИСИС. Не можам да разберам зошто е во стратешки интерес на САД да ги одржи сегашните граници на Средниот Исток, кои се неодржливи. За мене сегашниот пристап е гарантирано дека нема да успее.
Тероризмот е убиство, без разлика дали е во Париз, Копенхаген или кој било американски град. Секој ден во САД убиени се околу 70 луѓе, и тоа најчесто со огнено оружје. Освен ако жртвите не се славни или слатки, тогаш тие се игнорирани од медиумите. Меѓутоа и најмал терористички напад го добива сите насловни. ЈуТјуб видео од обезглавување го присили американскиот претседател да влезе во војна, за да избегне да биде наречен слабак од домашната политичка опозиција. Ова не е водство! Уште полошо, т.нр. Соколи бараат уште поголемо (воено) учество без разлика на воената реалност. Тие живеат во измислениот свет на американската воена извонредност.
За мене прашањето не е дали подобро ќе завршевме работа ако А-10 беа соодветно ангажирани. Очигледно дека да. Исто така и другите воени концепти кои отсекогаш ми биле логични. За мене прашањето е стратегија... и како што гледам, нашата сегашна употреба на сила е контрапродуктивна.
Во Газа Израелците со години се способни да ги убиваат водачи на Хамас, без разлика колку добро тие се скриени. Па што! Жителите на Газа гледаат како целото општество им страда, и се уште продолжуваат да го поддржуваат Хамас.
Ако бев арапски Сунит јас би знаел дека кога сириските Алавити (Шиити) употребија отровен гас, САД ништо не направи иако илјадници беа масакрирани. Сепак кога двајца Американци беа убиени ние почнавме да ги бомбардираме Сунитите... и потоа очекувавме Сунитите да ги сакаат САД.
Ние заглавивме во тактика а стратегијата заглави во домашна политика. Реалноста на војската никаде ја нема.
И јас сум искрено загрижен.