Австралиското вино старее како бензин

Исус од водата правеше вино. Австралија го има стотици милиони литри отповеќе, па сака од виното да прави гориво за коли и авиони. Технологијата го овозможува тоа, бидејќи виното е веќе е етанол и може да се користи како биогориво во мешавина со бензин. Но, процесот на дестилација е скап, па без владини субвенции преточувањето не би им се исплатило на лозарите.

Австралиските лозари и винари трпат големи штети поради преценувањето на побарувачката, која лани во глобални рамки се спуштила на нивото од 1961 година, кога светот имаше 40% помалку жители. Помладите генерации пијат помалку, и тоа главно пијалоци со помал процент на алкохол.

Австралијците се обложуваа на отворањето на Кина, која пред седум до десет години беше спас за индустријата, но и тој пазар сега е стабилизиран, наместо да расте како што многумина се надеваа, вели консултантот Леон Динс.

На лошата проценка се надоврза и сушата. Во многу региони, цените на грозјето паднаа на околу половина од трошоците за негово производство. Цената на водата скокна на 350 долари за мегалитар  и доведе многу лозари до работ на пропаст. Некои користат 30% повеќе вода само за да ги одржат своите лози во живот. 

Во исто време, поради војната во Иран и затворањето на Ормускиот проток, Австралија се соочува со криза со гориво, која ќе потрае уште долго време без решение на повидок. Дури и ако протокот биде деблокиран утре, на танкерите ќе им бидат потребни недели за да стасаат до Австралија.

Како можна краткорочна мерка за делумно надминување на двете кризи, винарската индустрија и политичарите ја разгледуваат опцијата за претворање на вишокот вино во во биогориво.

Технолошки тоа не е многу сложено. Виното е веќе ферментирано, што значи дека квасецот одамна ги претвориле шеќерите од грозјето во етанол. Етанолот во виното не е фундаментално различен од етанолот измешан во содржина од 10% во бензинот Е10 што се продава на австралиските бензински пумпи.

Процесот продолжува со дестилација - загревање заради одвојување на алкохолот. Тоа е во суштина истиот процес што се користи за производство на виски или ракија.

Разликата е во тоа што за жестоките пијалоци е важен вкусот. За колите и авионите не е важно каков вкус имаат биогоривата, објаснува Рејчел Бартон, професорка по растителна наука на Универзитетот во Аделаид.

Преработката може да ги испразни бурињата со вино, но сепак, нема многу да заврши работа за кризата со горивото. Повеќето типови вино содржат од 10% до 14% алкохол. Со дестилирање на 263 милиони литри вино би се добиле само околу 30 милиони литри етанол - доволно за да се задоволат само два дена од вкупната побарувачка за гориво во Австралија. 

За да се направи идејата комерцијално одржлива, потребни се владини субвенции за енергија и за изградба на нови постројки за дестилација.

Процесот може да заврши со повеќе енергија потрошена за дестилација отколку што е енергетската вредност да добиениот етанол, оценува консултантот Динс.

9 јуни 2026 - 14:39