Учесниците во студијата лежат во скенер за мозок, додека една девојка им чита трачеви за нив, за некој од нивните пријатели или за некој познат. Освен што им се мери мозочната активност, секој од испитаниците дава оценка и за тоа колку им бил интересен трачот што го чуле.
По основа на оценките студентите повеќе преферирале да слушаат позитивни трачеви за себе, отколку позитивни трачеви за пријателите или за славните. Меѓутоа кога се работи за негативни трачеви, повеќе уживале ако тие се за пријателите или за славните.
Кај втората ставка, оценките на испитаниците се дека подеднакво уживаат во негативните коментари за пријателите или за славните. Наспроти ова се резултатите од скенирањето, на кои се гледа дека делот од нивниот мозок поврзан со задоволство, бил вонредно активен додека тие слушале негативни трачеви за познатите. Во исто време кај нив било забележана и дополнителна активност во регионите поврзани со самоконтрола, "што покажува дека испитаниците се обидувале да го скријат ова задоволство."