Зошто мажите мислат дека жените им се пуштаат?

Стрејт мажите е многу поверојатно од стрејт жените да се во заблуда дека некој/а им се пушта. А многу е лесно, ако ти се насмее не значи дека те сака или сака нешто од тебе, освен кога баш тоа значи, ама исклучокот не е толку чест, но сепак на тебе може често да ти се случува. Гледате, лесно.

Има две теории кои објаснуваат зошто мажите е поверојатно да се во заблуда. Првата се сведува на менаџмент на грешки и таа тврди дека мажите еволуирале претерано да го перципираат евентуалниот сексуален интерес кај жените, за да не пропуштат шанса за репродукција. Од друга страна жените еволуирале да не го перципираат ваквиот интерес кај мажите, бидејќи истиот го има кај секој маж, а не сакаат да одберат кого било за на крај да не останат сами во одгледување на детето. "Со други зборови, сексуалниот влог е многу повисок за жените отколку за мажите."

Втората теорија е дека половите разлики во стапката на сексуално препознавање се сведуваат на општествените норми и очекувања, во смисла колку е поголема разликата во бројот на мажи и жени, толку поголема е веројатноста мажите погрешно да протолкуваат некој знак.

Психологот од Норвешкиот универзитет за наука и технологија, ги тестира двете теории, и заклучокот му е дека погрешното толкување не е последица ниту на нееднакви можности за мажите и жените, ниту на шовинистичката култура; туку тоа се случува бидејќи мажите и жените прават "систематски грешки во обидот да ги читаат мислите на другиот во контекст на врски и размножување. Овие грешки ги следат предвидувањата на теоријата за менаџмент на грешки." (Првата теорија е точна, втората не е.)

19 февруари 2015 - 10:55