Зошто со некои никогаш нема да се разбереме

Луѓето имаат предодреденост да претпостават дека две работи се поврзани само затоа што се случиле една после друга (илузија на последователност) и ова не само што ќе цементира погрешни идеи во нашиот мозок, туку и ги спречува новите информации да ги корегираат нив.

Тврдењето од воведот го потврдуваат и заклучуваат психолозите од Деусто Универзитетот во Билбао, предводени од Хелена Матуте, кои прават експеримент во кој на студенти им даваат да следат болни пациенти, од кои еден дел добиваат лекови а други не. Работат е што и оние кои земаат лекови, земаат плацебо таблети. На крај пациентите и од едната и од другата група имаат стапка на оздравување од 70%, со тоа што студентите од првата веруваат дека баш лековите ги оздравеле пациентите. Во втората фаза кога на пациентите им е даден вистински лек, студентите од првата група уште не можеле да бидат разубедени дека тој е причината за подоброто здравје на нивните пациенти.

Ова е и објаснувањето за тоа како "алтернативните" лекови ја искористуваат илузијата на последователност, со тоа што се обидуваат да излечат болести кои имаат природно висока стапка на оздравување, како главоболка, болки во грбот или настинки.

"Едно е јасно, едноставното изложување на луѓето на повеќе информации не помага," објаснува уредничката за наука на 538, Кристи Ашванден, која како пример наведува студија во која научниците со 4 различни пристапи се обиделе да разубедат група противници на вакцините. Ниту еден обид не успеал.

Матуте и колегите, се обидуваат со сосема поинаков пристап, па наместо да се спротивстават на погрешните заклучоци, тие решиле да го унапредат начинот на кој луѓето размислуваат. Експериментот го прават со група тинејџери на кои им даваат метални алки за околу рака, кои им ги презентираат на жаргон и кои ги убедуваат дека можат да ги подобрат нивните физички и психички способности. Учениците требало сами да откријат како алките ги правеле да се чувствуваат подобро, додека за ова време докторите ги прераскажувале подобрувањата што ги имале другите луѓе. До крајот на презентацијата мнозинството изјавиле да ја купат магичната алка.

По ова, истражувачите на тинејџерите им ги претставиле анализите од истражувањето, ги истакнале пропустите во доказите околу магичноста на алката, и на учениците им ја преставиле илузијата на последователност, плус им објасниле дека кога мерат успех на нешто мора да побараат референта оценка за старт. Напаленоста на тинејџерите околу производот стивнала.

"Што значи ова? Дека имаме многу докази дека погрешните верувања не се поништуваат лесно, а ако се надополнети со емоции, можеш слободно да заборавиш на тоа. Објаснувајќи им наука и помагајќи им на луѓето да ја разберат се само првите чекори. Ако сакаш некој да прифати информација што е спротивна на нешто што веќе го знаат, мораш да најдеш приказна која тие ќе ја прифатат," објаснува Ашванден.

17 февруари 2015 - 17:04