Ова е првата нова верзија на HTTP od 1999-та кога е усвоен HTTP 1.1. Апдејтот ќе значи подобрување во однос на брзината со која се вчитуваат веб-страните, подолг животен век на конекциите, и можност за повеќе работи да пристигнуваат побрзо, како и серверски "push" (серверот ќе може во кешот на корисникот да испраќа работи што ќе му требаат за користење во иднина).
Новата технологија, барем на хартија, има многу помалку потреба да се поврзува со серверите што ќе значи и помала оптовареност на мрежата и серверите.
Новиот HTTP стандард се базира на SPDY протоколот на Гугл, кој веќе денес се користи со цел манипулирање на сообраќајот за поголема безбедност, стабилност и брзина.
Луѓето што ја направија новата верзија на протоколот објаснуваат тој нема да биде магично решение кое за 50% ќе ја зголеми брзината со која се отвораат вашите веб-страни, и дека ќе има некое време на експериментирање и адаптација.
За уште потехничка верзија на текстов, тука.