Иако тој преферираше да ја реши Украина преку закани и поткуп, сепак не излезе лошо и кога народот ги смени неговите луѓе. Сега не само што покажа што може да ти се случи ако и се противиш на Русија, туку успеа и пред цел свет да ја демонстрира поделеноста меѓу неговите противници, меѓу Европјаните, и меѓу нив и Американците.
"ЕУ и НАТО се крајните мети на Путин. За него Западните вредности и институции се позаканувачки од армиите. Тој сака да го спречи нивното ширење, да ги кородира од внатре, и барем на фрагилната периферија на Западот, да ги замени со сопствен модел на владеење. Во овој модел, националните држави се посилни од сојузите, со државите доминираат елити, а овие елити можат да бидат купени. Тој исто така и тука има одреден успех. Од Франција, до Грција и Унгарија, тој култивира партии од радикалната левица и десница: секој што да лобира за руските интереси во ЕУ. Најголемата мета е посветеноста на НАТО кон заедничка самоодбрана. Дискредитирај го ова - на пример со организирање на про-руски востанија во Естонија или Латвија, кои другите НАТО членки ќе одбијат да помогнат да се смират - и алијансата ќе се распадне," стои во едиторијалот на Економист.
Она што во моментот Западот не го прави, а треба да го направи, е да го признае проблемот, а не како што "Обама безгрижно ја нарече Русија чудна регионална моќ, склона кон пост-империјални спазми, ама генерално во опаѓање."
Нивната процена е дека Путин едвај чека Западот да одлучи да ја вооружи Украина. Тој и онака целата војна успешно ја претставува како провокација од Западот, и евентуалното вооружување ќе му дозволи "да ги изложи границите на Западното единство и нивниот недостаток на решителност - награди кои ги одамна ги посакува."
Препораката од нив е дека Западот треба да се потпре на опциите што Путин ги нема на располагање, па наместо да ги пребројуваат тенковите што тој може да ги испрати, тие треба да работат на подобрување на животот на Украинците.
"Подобро отколку оружје, Западот мора ургентно да и даде на Украина онолку помош колку што и треба за да ја изгради својата држава и да го оствари сонот за живот во ЕУ (и доволно совети колку што се потребни за да се осигури дека овие пари нема да бидат украдени)," пишува Економист.