Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Меркел: Пандемијата е крива за војната во Украина

6 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел тврди дека пандемијата на ковид била клучна за војната во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин се плашел од лични средби со западни лидери за да не се зарази, што ги спречило директните преговори на кои можеби ќе бил постигнат компромис.
  • Ако не можеш да се состанеш и да се погледнеш во очи, не можеш да најдеш нови компромиси, изјави Меркел во интервју за унгарскиот канал Партизан на Јутјуб.
  • Таа тврди дека во 2021 година во ЕУ предложила воспоставување нов дипломатски формат заради директни разговори со Москва, но тоа го одбиле Полска и балтичките држави. „Тоа не заживеа, јас ја напуштив должноста, а потоа почна агресијата на Путин“, изјави Меркел.
  • Реагирајќи на оваа изјава, полскиот пратеник Павел Јаблонски ја нарече Меркел „најпроруската политичарка во историјата на Европската Унија“ и побара да биде прогласена за непожелна личност во Полска.
  • Благо е да се каже дека ова е скандал. Русија немала поголема корист од никоја друга влада, како од онаа на Ангела Меркел. Германија во нејзини време ја зајакна енергетската зависност од Русија преку гасоводите. Таа го надмина дури и Герхард Шредер, бидејќи за разлика од него не бараше работа во „Газпром“ или во „Рознефт“, порача Јаблонски.

🔴 Warto przypomnieć:
kiedy Angela Merkel, najbardziej prorosyjska polityk w historii UE, uskarża się na Polskę i państwa bałtyckie, że zablokowały dialog z Rosją „taką, jaka ona jest”, chodzi jej o tą sytuację z czerwca 2021 r.

Unia była wtedy o krok od historycznej… https://t.co/N8sIAlhYxM

— 🇵🇱 Paweł Jabłoński (@paweljablonski_) October 6, 2025
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Со цигари се откажуваат од вејпање

Пороци
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Телевизија е за стари луѓе

Беше малку заебано, ама, немаше комарци

Подобро од спајалица

Обама: Правих се речи увек касно сетим

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy