Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Мапа на европското иселеништво покажува дека Македонија е на врвот на земји во кои оние што се родиле таму, решиле да дигнат сидро. Босна, па Албанија па Македонија. А ние овде пак не наоѓаме слободно паркинг место.

Освен што ѝ треба чудо, Британија нема да има проблем со брегзит

Очекувањата се дека Британија добро ќе пројде со отцепувањето од Унијата, сè додека успее да ги постигне најдобрите трговски договори што некогаш се видени.

Како да ги убедите „идиотите“ да прејдат од ваша

Еден ден ќе се умориме објаснувајќи дека другата страна не (мора да) е глупа туку (можеби) има поинакво мислење. Но, изгледа ова не е тој ден.

Лобирање, вториот живот на европарламентарецот

Поранешните европарламентарци по завршување на службата за европските народи, своето искуство масовно го ставаат во служба на европските и светски лобија.

Лажните вести не бираат жртви

Американците го почнаа февруари (меѓу другото) со информацијата дека нацијата е пред снемување сланина, и дека националните залихи на сланина се на најниско ниво во последните 50 години. Медиумите во земјата се на раб да прогласат ДЕФКОН 1.

Телефонскиот разговор што ја врати Украина во 2015

Во последните два дена војување на фронтот во Донбас загинати се 27 војници на самопрогласената Народна република Доњецк и 78 украински војници, а Украинците имаат испукано и 2.500 топовски проектили, сето ова според бројки на прво-споменатите. Пред ова Трамп се слушна со Путин, а Порошенко слета во Берлин.

Зошто Меланија инстантно се растажи на инаугурацијата

Сите забележаа како Доналд Трамп сред свечената инаугурација и се сврти на сопругата и кратко и рече нешто кое нејзе во моментот и ја тргна насмевката. Ја крена главата и од озареност потона во длабока, молчалива потиштеност. Ситуацијата е чудна, и малку морничава. Светот се запрепасти како Доналд Трамп е безобзирен и суров кон најблиските. Ама, ако мене ме прашате, тоа е тоа. Со Словенци поинаку не може да се разговара.

Наука потопена во нарцизам

Стереотипот а ла Big Bang Theory е: научниците се социјално хендикепирани фрикови, изгледаат ко клошари и се позагрижени за спинот на електронот отколку за бројот на лајкови (бидејќи и онака немаат профил на Фејсбук). Но реалноста е поинаква и повеќе личи на House of Cards.

Медиумска милитаризација на Балканот

Србија и Хрватска тргнаа во набавка на ново оружје и размислуваат околу повторно воведување на воениот рок, додека Косово се погласно бара сопствена армија. На вака зовриената ситуација посебен "Балкан 1991" шмек и даваат медиумите.

Движење за српска Чешка

Како ретко кога последниве децении не станува збор за амбиции на српските националисти, туку за автохтоно чешко барање - Чешка да се претвори во Србија.

Како се составуваат ИКЕА имињата

Само во моментов ИКЕА има околу 12.000 производи кои за луѓето надвор од компанијата и надвор од Скандинавија, звучат како имињата да им ги дава генератор на рандом шведски зборови.

Гужвата околу имигрантите муслимани е дело на стратегот на Трамп

Кога во петокот Трамп ја објави забраната за муслиманите мигранти да влегуваат во САД, главното прашање беше колкав е нејзиниот опсег. Во саботата стигна објаснувањето - ова ги опфаќа и постојните 500.000 иматели на Зелена карта, кои ако се затекнале надвор од САД веќе немаат право да се вратат назад (или да пречекорат од транзит зоната на аеродром).

Демократите на своја штета заборавија на религијата

Како што републиканците и општо десницата направија светиња од религијата, така либералите ја претворија во табу тема, за која не знаат како вистински да зборуваат ниту со своите симпатизери.

Диктатура на тролетеријатот

Текстов зборува за лажните вести за наводни фудбалски трансфери како потпалувачи на емоции и јадици за кликови. Но неговите генерални заклучоци за тоа како стојат работите во медиумите, кои често го прават истото она што и некој безимен трол на социјалните мрежи, важи и во други области, во кои интегритетот и здравиот разум се на резервна клупа.

Ако Трамп забрани вработени на Твитер да се вратат во САД, дали Твитер ќе го банира Трамп?

После почетното примирје меѓу технолошката индустрија и Трамп, одлуката на САД да го забрани влезот на муслимани во земјата ги врати двете страни на авансно подготвените фронтовски линии, па сега секоја компанија гледа некако да му направи зијан на Трамп или на неговиот план.

Од тоа што медиумите ги користат Фејсбук и Снепчет, корист имаат само Фејсбук и Снепчет

Почетните знаци се дека содржините објавени директно на трети платформи, како Инстант статии на Фејсбук и Дискавер на Снепчет, малку придонесуваат кон вкупните приходи на медиумите.

Работниците веќе не добиваат отказ туку ги одвработуваат

Зборувајќи за скриената опасност од еуфемизмите "хроничарот на корпоративен булшит" Марк Питерс за Бибиси пишува: работниците не добиваат отказ туку се одработуваат и дерегрутираат, бидејќи компанијата доживува одраст па мора да мине низ сингергиско преструктуирање на бројот на вработени, по што следува реевалуација на талентот, а дел од нив мора да се аутсорсираат, мултисорсираат, ансорсираат или рајтсорсираат.

Независна Калифорнија?

Следејќи го не така светлиот пример на неколку јужни држави кои во времето кога Обама влегуваше во Белата куќа ветија отцепување од Унијата, а брендирани по движењето што успеа да ја отцепи Британија од другата Унија, во Калифорнија сè повеќе на сила добива калегзит - кампањата за независна Калифорнија.

Како нацистите ја преземаа контролата врз Германија

Самиот Хитлер не е посебно популарен пред да дојде на власт, меѓутоа нацистите брзо го менуваат ова, од едноставна причина што власта ги увеличува идеите на оние што ја имаат во своите раце, пишува професорот по историја на универзитетот Нортвестерн, Питер Хејс.

Смартфонот на претседателот (што Трамп веројатно уште не сака да го користи)

Телефонот се базира на верзија на Андроид изработена од посебна програма на американската војска, а уредот го произведува Боинг (да, Боинг со авионите).

Класната "чувствителност" на европскиот естаблишмент

Откако ги испоанализираа сите исходи што им се случија периодов, естаблишментот сфати дека стварно по пат заборавиле многу народ зад себе. И сега фатија да го поправаат тоа, најчесто теоретски.

1984 не е книгата што ви треба

Речиси 70 години старата книга на Орвел пак се актуелизираше заради комбинацијата на страв од тоа што може да го направи Tрамп, постапките на неговите соработници и општа паника (слична реакција јавноста имаше и по откритијата на Сноуден). Сепак, 1984 не е (баш) светот што го живееме.

Како Сиенен да се спаси од самиот себе

Во 2004, осум години откако го продаде на Сиенен на Тајм Ворнер, Тед Тарнер, основачот на телевизијата, алармираше за опасностите од корпоративна сопственост на новинските организации. Тарнер тогаш објасни дека во негово време на прво место се вестите, кај новите газди на прво место се кварталните извештаи за профит.

Одмаздољубива земја на наапани расисти го избра за претседател најлошиот човек во САД

Летоска 450 писатели потпишаа петиција против кандидатурата на Трамп. Имаше и такви кои одбија да им се придружат, велејќи дека човекот барем до тој момент не направил ништо што е против принципите на демократијата. Меѓу нив беше и еден кој во меѓувреме се предомисли - реалноста знае преку ноќ да напукне, како евтин асфалт под сканија.