Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Борбата против климатските промени ќе ќари од инаетот меѓу ЕУ и САД

Откако вчера Холандија вети дека ќе даде 600 милиони долари за меѓународни програми за абортус и контрацепција за да ја пополни дупката во финансирање оставена од САД, денес на сличен аристократски прекор кон новата постава во Вашингтон се реши и ЕУ, кои од инает ќе инвестираат во борбата со климатските промени. За сега, уште нема твит од Трамп од типот - ви реков дека имаат пари, а само нè цицаат.

Клубот од Пекинг што вреди повеќе од Милан

Откако кинеската градежна компанија Синобо ленд купи 64% од клубот, Пекинг Гуан денес се проценува на над 800 милиони долари, што според Блумберг е повеќе и од некои од најелитните тимови од Европа, "вклучително и 7-кратниот европски шампион Милан".

Ѕидот на Трамп му е само позиција за преговарање

На 25 јануари претставници на мексиканската влада пристигнаа во Вашингтон на средба со луѓе од Белата куќа за прелиминарен разговор пред средбата меѓу Трамп и претседателот на Мексико. Двајцата на 31-ви треба повторно да ја преговараат НАФТА, најважниот трговски договор за Мексико. На 24 јануари во 21:37 Трамп на Твитер објави дека ќе го гради ѕидот кон Мексико.

Теорија и пракса: доктори и парични бонуси

Американскиот проблем со здравството е што неколку децении имаат "ескалација на трошоците без споредливо подобрување во квалитетот." Неодамнешно решение што американските власти го смислија за проблемот е воведување на "плаќање според резултати", и во пракса значи дека докторите добиваат бонуси за одреден "квалитет во стандардите за грижа."

А која тоа војна на Балканот сме ја избегнале или одложиле

Овој пат изгледа невозможно да се замисли мир по уште една таква војна. Има само една причина зошто таа војна, сепак, нема да ја има. Тука веќе нема ништо стварно важно. Благословените се неважни.

Како Голдман пак ќе ја Секса Америка

Хилари Клинтон со изборен пораз ја плати цената што се полакоми по парите на Голдман Сакс, најомразената американска компанија и синоним за злото на Вол Стрит. А сега Доналд Трамп рекордно ја накрцка Белата куќа со кадри од таа компанија.

Што не е во ред со генерацијата родена после 1984?

Имаме старосни граници кога се во прашање цигари, алкохол и коцкање, а немаме старосни граници кога се во прашање мобилни телефони и социјални мрежи. Тоа е како да отворите бифе со алкохол и на тинејџерите да им кажете - ако ве мачат адолесцентски проблеми, послужете се. Баш тоа се случува, објаснува британскиот автор Симон Синек.

Кармата е (стипендирана) кучка

Африкански активист се залага за симнување на статуа на еден расист во неговиот град. Од Америка добива не само аплаузи туку и стипендија. Стипeдијата доаѓа од фондација основана од - пазете сега - истиот тој расист. Па има ли боље?

Кампањата на Трамп никогаш нема да заврши

Американската инаугурација на претседател е замислена како моментот кога раскрстуваш со кампањата за твоето следно вработување и ја преземаш улогата на лидер на земјата. Ама како човек што толку добро си пројде за време на кампањата, да ја прекине кампањата.

Бугарскиот колонијален сон

Кога кон крајот на 1980-те Софискиот универзитет со помош на советскиот научен тим воспостави скромна инсталација на Антарктикот, малку кој можеше да замисли каква улога таа подоцна ќе одигра во идеологијата на бугарскиот национализам. Во невозможноста во пост-социјалистичкиот период да го остварат идеалот за "Голема Бугарија", многумина се задоволија со топонимска колонизација на празниот континент.

Америка ќе почне да казнува мирни демонстрации

Додека милиони луѓе протестираа против новиот претседател, во осум американски држави републикански законодавци на големо буткаат закони со кои се криминализира правото на мирен протест. Како оправдание за рестрикциите се наведува сообраќајот, енергетската стабилност, опремата и слично.

Живот после губење доверба во државата

Новинарот на Њујорк магазин заглавува во една московска гужва точно две коли пред брзата помош чии сирени упорно и подеднакво безуспешно рикаат за некој да и даде предност. На прашање зошто никој не мрда, сопатникот му одговара: затоа што сите знаат дека возачите на Брза помош прават пари на страна нудејќи ВИП возење до аеродром.

700 години западна нееднаквост, во еден графикон

Честопати имаме чувство дека растечката нееднаквост е проблем на 21-от век и дека оние одвратно големи богатства на топ 1% или топ 10% најбогати наспроти сите други се модерна аномалија. Не, историјата и податоците го покажуваат спротивното. Има нешто труло во тоа Западот, само што ние недоволно озбилно ги земавме и Шекспир и Маркс.

Ветувањата на Обама: остварено, неостварено и компромис

Вашингтон пост прави завршна смета за успешноста на Обама во остварувањето на околу 40 големи ветувања што ги дава за време на двете претседателски кампањи.

Полека со апокалипсата, светот е подобар отколку што го мислиме

Колку лоша година беше 2016. Со терористички напади, Британци излудени со брегзит, а Американците избраа Твитер трол за лидер на својата држава. Во Сирија и останатите воени зони, луѓето цела година се давеа во крв. Згора на сè, голем број од нашите најомилени уметници минатата година ја напуштија сцената, засекогаш. И сепак...

Алкохолот остана бесплатен во белгискиот парламент

Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.

Бившиот српски министер кој стана бездомник

Некогашен министер за образование во српската влада и универзитетски професор деновиве бил најден премрзнат на клупа во парк. Приказната е тажна а богами и поучна, само што секогаш постои можност некој да извлече поинаква поука. Па да почне да краде уште повеќе за да се обезбеди на време. Едит: Оваа приказна на српски Курир, други српски сајтови (Блиц, Информер) ја прогласија за тотална измислица. Бетер се од нашиве.

Да ги запознаеме најблиските луѓе на Трамп

Како претседател на САД ќе раководи со огромна машинерија од луѓе. Сепак еден е оној прв и најблизок круг на луѓе во кои владетелот има најголема доверба. Кои се тие кај Трамп, со малку побитолчанети прекари.

Скоро па задолжителна казна за корупција?

Романија, регионалниот златен стандард за прогон на поранешни функционери и премиери за корупција, од пред речиси 20 дена има нова влада, предводена од истата партија како и премиерот што пред некоја година кој стана пример за тоа дека и претседателите на Влада можат да одговараат пред суд.

Милијардерот Сорос е поврзан со повеќе од 50 "партнери" на Женскиот марш на Вашингтон

Под овој наслов новинарката Асра Нумани го пишува текстот за Њујорк Тајмс, кој почнува со: Која е поврзаноста меѓу еден од најголемите донатори на Хилари Клинтон и Женскиот марш на Вашингтон? Излезе дека е прилично значајна.

САД излегуваат од Обединетите нации?

Од почетокот на оваа година американскиот Конгрес има сериозен предизвик. Пред себе има закон со кој претседателот би се задолжил да ја извади земјата од членство во Организацијата на обединетите нации. А и овие ќе мора да се селат од таму. И, погодувате, тоа не е сè.

Тито ги издигна Хрватска и Словенија на сметка на Србија?

Омиленото балканско хоби - претурање по историјата, само што доби интервентна доза стероиди во форма на 12 милиони страници документи на ЦИА од кои е тргната ознаката државна тајна, а таму: Тито, СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија.

Империјата на недвижнини зад Претседателот на САД

Трамп е најбогатиот претседател на САД во историјата на земјата. Трамп приказната во Америка почнува во 1885 кога Фредерик Трамп (дедото на Доналд) се качува на брод и стига во Њујорк. По 100 и кусур години семеен бизнис базиран на работа со хотели (курварник), згради, казина, градежништво, неплаќање фактури и слично, Трамп вчера даде заклетва како 45-от претседател на САД.

Германско-турска трговија со бегалците

Истиот бегалски бран од пред една година кој ја помести Европа кон десно, успеа да ја натера Германија во позиција да навива и да промовира соработка со Турција.