Ветувањата на Обама: остварено, неостварено и компромис

Вашингтон пост прави завршна смета за успешноста на Обама во остварувањето на околу 40 големи ветувања што ги дава за време на двете претседателски кампањи.

Крајниот резултат од двата мандата на Обама е: 11 одржани ветувања, 17 прекршени ветувања и 12 компромиси. Човекот помогна неговата земја да се извади од најголемата финансиска криза од Големата депресија, ама во исто време ги зголеми и тензиите со Русија, а поделбата меѓу партиите само растеше.

11-те ветувања што Обама ги има исполнето се:

- Здравствено осигурување за повеќе Американци и поголема понуда на опции за осигурување.

- Создавање или задржување на 1 милион работни места со инвестиции во проекти од инфраструктурата во вредност од 25 милијарди долари.

- Зголемување на казните за злосторства од омраза.

- Воведување на законот за кредитните картички со кој се заштитуваат правата на потрошувачите (заштита од работи како неосновани или своеволни каматни стапки).

- Подобрување на образованието со приоретизирање на математиката и науката.

- Поголема надзорна моќ на Федералните резерви врз финансиските институции што беа спасени по кризата.

- Реформа на програмата „Ниту едно оставено дете“.

- Поедноставување на процесот за добивање финансиска помош на колеџ.

- Развивање на најмалку две борбени бригади и дополнителни 1 милијарда долари невоена помош од Авганистан.

- Забрана за тортура.

- Намалување на нето-увозот на нафта за половина меѓу 2008 и 2020.

Наспроти ова, Обама комплетно не исполни 17 ветувања од претседателските избори, па Американците (и светот) останаа пократки за:

- Затворање на затворот во Гвантанамо.

- Зголемување на минималната плата и нејзино поврзување со инфлацијата.

- Создавање процедура за државјанство за имигрантите без документи.

- Ограничување на движењето на луѓето меѓу работа во администрацијата и лоби-групите.

- Затворање на дупките во законите направени за корпорациите.

- Крај на практиката на пишување закони зад затворени врати.

- Воведување данок на неочекуваните профити на нафтените компании (од скокови на цената на нафтата) од кои ќе се обезбедат субвенции од 1.000 долари за американските семејства во случај на скок на цените на горивата и струјата.

- Составување двопартиска група од клучни законодавци за создавање подобри односи меѓу извршната и законодавната власт околу надворешната политика.

- Зголемување на федералното финансирање за основно истражување за два пати во рок од 10 години (2009 -2018).

- Осигурување слобода за синдикално здружување и борба за изгласување на Законот за слободен избор на работниците.

- Издржан напор за поддршка на Израел и постигнување на целта за создавање две држави - еврејска држава во Израел и палестинска држава.

- Воспоставување национален стандард за издувни гасови.

- Први во светот по бројот на учениците со колеџ-диплома до 2020.

- Зголемување на американскиот извоз за два пати во следните 5 години (2013-2017).

- Отворање на 1 милион нови работни места во производството меѓу 2012 и 2016.

- Обука на 2 милиони Американци во партнерството меѓу 2-годишните колеџи и компаниите.

По овие 28, има уште 12 ветувања на Обама што завршуваат како компромиси, ниту се исполнети, ниту се прекршени, без разлика дали не се создале услови за нивно комплетирање или му требало уште некоја година во мандатот. Компромисите и објаснувањата за сите 40 ветувања ги имате тука.

24 јануари 2017 - 10:24