Борбата против климатските промени ќе ќари од инаетот меѓу ЕУ и САД

Откако вчера Холандија вети дека ќе даде 600 милиони долари за меѓународни програми за абортус и контрацепција за да ја пополни дупката во финансирање оставена од САД, денес на сличен аристократски прекор кон новата постава во Вашингтон се реши и ЕУ, кои од инает ќе инвестираат во борбата со климатските промени. За сега, уште нема твит од Трамп од типот - ви реков дека имаат пари, а само нè цицаат.

Венер Хојер

Европската инвестициска банка (една од финансиските институции на ЕУ) се зарече дека ќе го одржи своето ветување да инвестира 20 милијарди долари годишно во следните 5 години во борбата против климатските промени.

Вернер Хојер, првиот човек на банката, порача "Ние Европејците мора да го водиме слободниот свет против климатските скептици," алудирајќи на претседателот на САД, кој вети дека ќе ја укине комплетната стратегија на земјата за борба со климатските промени. Трамп најави и дека ќе ги повлече САД од Договорот од Париз за климатските промени.

Минатата година од 88,5 милијарди долари што банката ги позајмила, 20,2 милијарди долари биле за проекти поврзани со климатски промени.

Според пресметките на банката, 100-те милијарди долари што планираат да ги посветат на борба со климатските промени во следните 5 години, се повеќе од која било друга мултилатерална институција.

Во вчерашниот извештај Европската агенција за животна средина наведе дека jужниот и југоисточниот регион на Европа ќе се соочат со најнегативните ефекти од климатските промени на континентот, што на терен ќе значи дека "топлинските бранови и сушите ќе станат поинтензивни и почести".

За подобро разбирање на влијанието на климатските промени, ѕирнете го ова:

 

26 јануари 2017 - 17:50