По беспоштедната борба која со години се води против прдежите од крави како би се спасила планетата (што полека мутира во што ќе ви е говедско, јадете скакулци), следната брилијантна мерка од ЕУ на темава е блокирање на Сонцето.
Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.
Новата американска агенда за борба против климатските промени треба да отвори речиси 540.000 работни места во индустријата за соларни панели, ветерници, електрични возила и батерии. Пари има. Луѓе нема.
Во годините на пандемија, светот подзастана, а една од малкуте среќи во таа несреќа беа смалените нивоа на CO2 во атмосферата. Некои експерти се надеваа дека тоа ќе потрае, дека емисијата од 2019-та била врвот и дека нема да се повтори. Испадна дека биле грешка.
Како е можно парчиња леб со нешто помеѓу да траат речиси цела година под вода? Одговорот на ова прашање е поврзан со тоа како јаглеродот се движи во длабоките води, а има импликации по борбата против климатски промени.
Јапонската влада има намера да си даде право далечински да гаси еркондишни на граѓани. Се разбира, како и секој друг државен упад во слободата и приватноста, и ова се прави за „виша цел“, да има струја за сите. Ќе следат ли бојлери, шпорети и вибратори кои државата ќе ги гаси на далечина, таму од некоја канцеларија во Влада?
Автомобилската индустрија оди во рикверц кога е во прашање справувањето со климатската криза, е заклучокот на ново британско истражување според кое сите сте запнати што поголема кола да купите.
Вчера, 11.12, на 86 години, почина брадосаниот ботаничар кого го паметиме од зимската образовна програма која во осумдесетите ја емитуваше телевизија Белград. Многумина додуша мислеа дека тој е одамна починат, но причината за неговото долгогодишно медиумско отсуство е во нешто друго.
Замената е откако Џонсон ја одбил поканата да учествува во дебата околу климатската катастрофа што се случува, а како што може да се очекува од скулптура сместена под телевизиски рефлектори, за време на целата дебата таа топеше.
Насловите на поглавјата во книга која излезе на почетокот на оваа година - „Смрт од жештина“, „Океани што умираат“, „Воздух што не може да се дише“, „Чума на загревањето“ - сами по себе можат да предизвикаат паничен напад. Но работата станува уште полоша кога човек ќе се зачита.
Едно 15-годишно девојче лани почна со протести за климатски промени и стана медиумска ѕвезда. Нејзините настапи инспирираат голем број млади луѓе, меѓу другото и да читаат на оваа тема.
Едно општество може да се бори против климатските промени со скапи и радикални мерки - наметнување даноци, менување закони, драстични казни за загадувачи. Но исто така може да се навикне поинаку да зборува за фосилните горива, што нема магичен ефект, но индиректно влијае врз промената на погледот на работите.
Доколку се продолжи со загревањето на планетава луѓето низ Европа ќе мора да почнат да работат драстично помалку часови неделно за да се избегне климатска катастрофа. Колку драстично? Максимум 9-работни часа неделно.
На годинешново издание на Венецијанското биенале главната награда за најдобар павиљон ја однесе Литванија. Перформансот кој се одвиваше во него беше на тема која звучи (пре)ангажирано. Но суптилниот пристап со доза на хумор и цинизам беше она што направи впечаток.
Најголемиот снабдувач на Калифорнија со електрична енергија и гас објави банкрот откако против него беа поднесени барања за оштета во износ од десетици милијарди долари заради штета предизвикана од обемните пожари во американската соујзна држава.
На последниот самит на О.Н. во Париз беа присутни над 20.000 дипломати, научници и лобисти, секој со своја мисија, од кои (најверојатно) никој до таму нема стигнато на точак или ролери, туку изборот најчесто бил комбинација меѓу авион и лимузина. И на цел овој трошок и зијан, не се постигна нешто многу (ако не се сметаат селфињата).
Во период нешто пократок од две недели врне 50% од годишниот дожд кој и следува на планетава, а како што минуваат годините до крајот на веков овој период само ќе се намалува.
Ако индивидуата може да направи едно нешто за спречување на климатските промените тоа никако не е да рециклира, туку да се здружи и колективно да почне да врши притисок врз корпоративната моќ.
Нема начин како да се запре процесот што ги растопува јужниот и северниот пол, и многу малку луѓе се подготвени да го кажат тоа, тврди британскиот научник Мајер Хилман, кој јавно се откажа од пишување на оваа тема „затоа што веќе нема што да се каже.“
Додека главната мантра на политичарите е „зелено, еко, чисто, природно, обновливи извори,“ банките, истите оние пред неколку години спасени од политичарите, почнаа на фосилни извори на енергија да вложуваат повеќе капитал од вообичаеното.
Како сите му се имаат з'гнато на тоа јагенот, човек да помисли дека само што не дошол денот кога ќе мора под рака да диламе ќумурчиња за скара. Не ќе да е така; надлежните агенции проценуваат дека глобалната побарувачка на јаглен ќе се зголемува и наредните пет години.