Во најголем дел од годината, времето во Јапонија е далеку од пријатно. Зимите знаат да бидат кочан ладни, а летата претопли и влажни.
Може да стане и многу понепријатно, ако пројде новиот план на јапонската влада. Работна група на комитет за штедење енергија има задача да смисли решение како да се има пристап до приватните грејни единици и клими, со можност тие да бидат исклучувани оддалеку.
Целта е да се намали потрошувачката на енергија за време на енергетската криза во надоаѓање, за која комитетот смета дека нема да е за потценување. Јапонија се обидува да прејде на обновливи извори но нивните количини зависат од климатските прилики и тешко е да се стабилизира количината на вкупната расположива струја.
Климатизерите не се за потценување и стојат зад 30% од вкупната потрошувачка на струја на домаќинствата
Технички планот не би требало да е тежок за спроведување. Јапонските климатизери одамна имаат пристап за влез од надвор а многу модели дозволуваат сопственикот да го управува апаратот преку интернет.
Со барање од производителите да го прошират таквиот пристап и за владините регулаторни организации и тие да ги управуваат параметрите, планот може лесно да се спроведе во пракса.
Велат бојлерите се следниот домашен апарат врз кој комитетот ќе сака да има контрола.
За вибраторите нема такви најави. Засега.