За разлика од останатото апокалиптично размислување, ова се базира на речиси 60 години истражување на темата и критикување на позициите на политичарите. Хилман ги критикува трговските центри вон големите градови речиси 20 години пред британската влада да одлучи да ја запре праксата. Во 1984 тој предлага воведување на рејтинг за енергетска ефикасност на куќите, нешто што британските власти го воведуваат во 2007. Пред повеќе од 40 години тој го оспорува постојаното бркање економски напредок.
„Имајќи ја предвид пропаста што нè чека, аргументирање во корист на велосипедите како примарно средство за превоз е речиси нерелевантно.
Ние мора да престанеме да согоруваме фосилни горива. Толку многу аспекти од нашиот живот зависат од фосилни горива, освен музика и љубов и образование и среќа. Овие работи, кои речиси не користат фосилни горива е она на што мора да се фокусираме,“ објаснува Хилман во интервјуто за Гардијан.
Иако последните четвртина век е посветен на климатски промени, Хилман е најдобро познат по неговата работа на безбедност во сообраќајот. Дел од неговите заклучоци се одамна имплементирани, дел, не само што се игнорирани, туку работата е тргната на полошо. Тој уште пред неколку децении зборува за тоа како автомобилите ја уништуваат слободата на децата, за денес работата да стане уште полоша. Ако во 1971, 80% од британските деца на возраст од 7-8 години пешки одат на училиште, „денес е речиси незамисливо 7-годишно дете да отиде на училиште без возрасен“. Поентата на Хилман е „ние ги имаме тргнато децата од опасноста, наместо да ја тргнеме опасноста од децата - и ги наполнивме улиците со коли што загадуваат за да однесат деца до училиште.“ Неговата пресметка од 1990 е дека на носење во училиште возрасните Британци годината потрошиле 900 милиони часови, што ја чинело британската економија 20 милијарди фунти.
Она што посебно му е неверојатно на Хилман е што нашето размислување речиси и не ја минува 2100 година:
„Извонредно е кога научници ќе предупредат дека температурата може ќе порасне за 5 или 8 степени. Што, и таму ќе застане? Какво наследство им оставаме на идните генерации? На почетокот на 21-от век направивме речиси ништо како одговор на климатските промени. Нашите деца и внуци ќе бидат исклучително критични кон нас,“ објаснува Хилман.
Процените на Хилман се дека моментално е касно за сè, па дури и во овој момент цел свет да има нула издувни гасови, тоа нема да нè спаси затоа што ја имаме минато границата по која можеме да се вратиме на нормала.
Заради ова тој подеднакво ги презира и индивидуалните акции, без разлика дали на човек или на една земја. Неговото решение е нула издувни гасови во земјоделие, авионски и бродски превоз, греење, секој аспект на економијата и намалување на човековата популација.
- Дали ова може да биде постигнато без колапс на цивилизацијата?
- Не верувам, можеш ли да замислиш сите во една демократија доброволно да се откажат од летање? Или цела популација да станат вегани? Или најголемиот дел да се согласи да ја ограничи бројноста на своето семејство?
Предвидувањата му се дека богатите подобро ќе се адаптираат, а остатокот од светската популација ќе почне да се сели кон региони како Северна Европа, кои привремено ќе бидат поштедени од ефектите на глобалното затоплување.
„Ама одговорот на овие региони ќе биде да го спречат доаѓањето на мигрантите. Ќе ги оставиме да се удават,“ порачува Хилман.