Загадувањето се враќа посилно од кога било

Во годините на пандемија, светот подзастана, а една од малкуте среќи во таа несреќа беа смалените нивоа на CO2 во атмосферата. Некои експерти се надеваа дека тоа ќе потрае, дека емисијата од 2019-та била врвот и дека нема да се повтори. Испадна дека биле грешка.

Вкупната емисија на CO2 лани достигнала 37,5 милијардни тони. Тоа е нов светски рекорд, и покажува дека смалувањето од над 5% за време на пандемијата било само привремено.

Научниците ги збунува тоа што во годините пред вирусот, постоеше тренд на порамнување во годишните нивоа на емисија. Тоа им даде надеж дека најлошото е зад нас, и дека рекордната емисија од 2019-та е максимум над кој човештвото нема да оди. 

Фосилните горива и понатаму се најевтиниот начин да се дојде до електрична енергија. Иако и обновливите извори знаат да бидат исплатливи, тие не се најстабилниот извор а цената за изградба на такви системи е многу висока. 

„Земјите во развој мораат да ги стават климатските реперкусии во втор план и да и да ги приоретизираат своите економски проблеми“, вели експертот за клима, Кен Калдеира, објаснувајќи дека тоа е слично како со онаа „хиерархија на потребите“ на Маслов.

Ситуацијата е и полоша од што изгледа, затоа што кинеската економија во 2022-та беше забавена заради ковид-рестрикции. 

Секој со малку здрав разум знаеше емисиите ќе продолжат да растат, затоа што земјите во развој и понатаму ќе сакаат да ги развиваат своите економии. Тоа покажува колку оние што се залагаат за нула емисии имаат загубено допир со реалноста.

 

4 јануари 2023 - 11:12