На дебатата организирана од Канал 4 имаше и уште една структура што му го држеше местото на Најџел Фараж кој исто така ја одбил поканата да учествува. Од Канал 4 објаснуваат дека топењето на скулптурите ја претставува „критичната ситуација во која се наоѓа планетата Земја“.
Џонсон одбил да се појави на дебатата на која присуствува и лидерите на останатите партии. Во исто време тој и понатаму избегнува интервју со новинарот на Би-би-си Ендру Нил, кој пред некој ден го „преслуша“ Џереми Корбин.
Конзервативците го понудиле Мајкл Гов да го замени Џонсон на дебатата, но тој бил одбиен од телевизијата бидејќи не е лидер на партијата.
„Двете скулптури од мраз ја претставуваат критичната ситуација во која се наоѓа планетата Земја, немаат човечка форма но се метафора за Конзервативната и Брегзит партијата откако нивните лидери ги одбија нашите повеќекратни покани да присуствуваат на дебатата,“ објаснуваат од Канал 4.
Алибито што Џонсон им го дава на новинарите е дека е зафатен и има „многу, многу интервју во следните неколку денови“.