Првиот банкрот предизвикан од климатски промени?

Најголемиот снабдувач на Калифорнија со електрична енергија и гас објави банкрот откако против него беа поднесени барања за оштета во износ од десетици милијарди долари заради штета предизвикана од обемните пожари во американската соујзна држава.

Пацифик гас енд Електрик (компанија основана пред 115 години,  со годишни приходи од над 17 милијарди долари, и над 23.000 вработени) проценила дека може да „одговара“ во износ од 30 милијарди долари, додека осигурувањето од пожари и изнесува само 1,4 милијарди долари.

Компанијата е обвинета за десетици големи пожари кои се распламтија низ Калифорнија откако дрвја паднаа на нејзините далноводи.

Пред банкротот тие пробаа да се одбранат со тоа дека годишно кастрат или отстрануваат 1,4 милиони дрвја во близина на инфраструктурата со цел да спречат вакви пожари. Плус дека лошите временски услови (ужасната суша) значително ја отежнале задачата за спречување на пожари.

Уште во ноември аналитичарите предупредија дека компанијата може да одговара со 10 милијарди долари за 21 голем пожар кои се случија во 2017, и дека пожарот од 2018 кој го уништи градот Парадајз и уби 86 луѓе, дополнително ќе ги зголеми трошоците. Од ноември до сега, акциите на компанијата паднаа за 80% со што изгубија околу 19 милијарди долари од вредноста.

„Во иднина инвеститорите ќе ги гледаат овие 3 месеци како пресвртница, и ќе се чудат зошто влијанието на климатските промени врз економските столбови на нашето општество не биле пошироко признаени во наше време...

Климатските научници може со кружење ќе зборуваат за тоа колку глобалното затоплување придонело за овие пожари се додека не излезе подетална студија за нив, меѓутоа за инвеститор кој е навикнат да носи одлуки врз основа на некомплетни и двосмислени информации, предупредувањата се станати црвени,“ пишува Ерик Кобајаши Соломон во текстот за Форбс.

23 јануари 2019 - 11:31