Медиумите сега наголемо го ругаат 23 годишниот Џошуа Нот како лицемер откако ја прифати стипендијата од близу 50.000 долари.
Активистот се залагал за симнување на статуата на Сесил Роудс, прочуен расист (ја памтите Родезија, сега Зимбабве?) од фасадата на универзитетот во Кејп Таун.
Акцијата („Мора да падне“!) му била успешна и станала инспирација за слична, сепак неуспешна, акција на универзитот Оксфорд. Успешноста и публицитетот му донесе и стипендија за студирања токму на универзитеот Оксфорд, од фондацијата основана од, молим лепо, Сесил Роудс!
Активистот, инаку син на богат адвокат од Јужна Африка, рече дека нема да организира слична акција во Оксфорд, ама ќе ја искористел стипендијата да се бори против расистичките идеали за кои се залагал Роудс.
Хехе.
Инаку престижната стипендија во минатото им била доделена на многу истакнати дејци и личности, меѓу кои е и Бил Клинтон.