Во 2016 година Ибрахимовиќ се пошегува дека нема да замине од ПСЖ под еден усов: ако наместо Ајфеловата кула во Париз, се појави негова статуа. Набрзо замина во Манчестер.
Ѓаволот би требало да изгледа не само страшно, туку и грдо, а не како некој срдечен буцко со рогови ама без задни намери. Така велат жителите на Сеговија откако добија статуа на ѓаволот која изгледа преслатко.
Туристите го прославија машкото достоинство на статуата на Роналдо. Секој втор-трет турист во градот Фуншал го допира делот кој неизбежно запаѓа во око кога се сликате.
Насмеаните лица, коктели и многу фоторепортери на големата свеченост по повод преименувањето на аеродромот во родниот град на Роналдо не го најавувале пеколот низ кој поминал „вајарот“.
Компанијата која ја постави статуата на девојчето која му пркоси на мачо симболот на финансиската моќ, бикот на Вол Стрит, предизвика општо внимание кое сигурно ѝ годи. Но и едно посебно внимание, кое, не баш.
Фондацијата Ербакан неодамна организирала протест во родното место на Диоген, Синоп, барајќи отстранување на статуата на овој древно грчки филозоф. Зошто? Затоа што преку неа се ширела грчката идеологија.
Фридрих Енгелс живеел две децении во Манчестер. Страшните услови за работа во тогашната колевка на индустриската револуција биле поттик за неговите дела. Но градот никогаш не му се оддолжил. Сè до сега.
Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.
Африкански активист се залага за симнување на статуа на еден расист во неговиот град. Од Америка добива не само аплаузи туку и стипендија. Стипeдијата доаѓа од фондација основана од - пазете сега - истиот тој расист. Па има ли боље?
Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.
Статуата на голиот римски император Трајан кој во рацете држи волк, која неодамна е откриена пред Музејот на националната историја во Букурешт, предизвика лавина негативни реакции.