Да го поздравиш и да ми го бациш

Туристите го прославија машкото достоинство на статуата на Роналдо. Секој втор-трет турист во градот Фуншал го допира делот кој неизбежно запаѓа во око кога се сликате.

Бронзаната фигура во чест на Кристијано Роналдо која што пред пар години ја открија во неговиот роден град Фуншал на островот Мадеира е права атракција за туристите.

Споменикот на португалскиот фудбалер кој важи за еден од најдобрите на сите времиња го поставија во 2014 година (не е спорната биста пред аеродромот која ја искритикува цел свет).

Досега милиони туристи се сликале со легендарниот споменик кој е висок 3,4 метри и тежок 800 килограми и се наоѓа на главната улица во Фуншал.

Но еден детал, „машкото достоинство“ на Кристијано Роналдо посебно се забележува уште на прв поглед и многу туристи прават зафрканции на темата.

Некој турист по име Џон Роџерс бил голем навивач на Роналдо и решил да отиде да го посети градот Фуншал. Кога се сликал со споменикот го приметил деталот со шорцевите:

„Просто сакав да се сликам и да им пратам фотографија на домашните. Поради тоа што го пратив во група на WhatsApp, сите почнаа да се смеат. Не можеа а да не ја приметат областа меѓу нозете. Пред да заминам, забележав дека многу туристи го допираат и се сликаат со тој дел.“