По повод 150 годишнината од раѓањето, градскиот совет на Манчестер решава да постави споменик на Ганди. По повод тоа што сме 2019, можно е тоа да не се случи.
Туристите го прославија машкото достоинство на статуата на Роналдо. Секој втор-трет турист во градот Фуншал го допира делот кој неизбежно запаѓа во око кога се сликате.
Компанијата која ја постави статуата на девојчето која му пркоси на мачо симболот на финансиската моќ, бикот на Вол Стрит, предизвика општо внимание кое сигурно ѝ годи. Но и едно посебно внимание, кое, не баш.
Неодамна на гробиштата на Сапоро (главниот град на Хокаидо), беше отворен споменикот на Буда изработен од јапонскиот архитект Тадао Андо. Будата е висок 13,5 метри, а и покрај тоа успева никако да не штрчи од околината, туку напротив некако многу природно легнува.
Минатата сабота во градот под Исарот се навршија точно 83 години од одигрувањето на првиот кошаркарски натпревар во Македонија. Се презентираше и планот за изградба на споменик во чест на првата средба.
Добар дел од мексиканската јавност е збунета а дел револтирана откако во паркот во главниот град во кој се наоѓаат споменици на национални херои осамна и бронзена статуа на поранешниот азербејџански претседател Гајдар Алиев.
Две години по авионската несреќа кај Смоленск, во која загинаа 96 луѓе, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински, во селото Калков, јужна Полска, им е изграден споменик на жртвите. Тоа е уште една, само овој пат уметничка катастрофа.