Ганди и неговиот „добро документиран анти-црнечки расизам“ се навреда за црнечките и кашмирските заедници на Манчестер, па заради тоа треба да се откаже поставувањето на споменик на човекот кој го ослободи индискиот народ од британско ропство (нешто со што веројатно се согласува и крајно-десната трибина на британската политика).
Се работи за 2,7 метри висок споменик, кој на Манчестер ќе му биде подарен од добротворна индиска организација, а ќе биде платена од индиско семејство од Манчестер.
Во писмото на Мрежата за деколонизирање до градските власти на Манчестер во кое се бара споменикот да не биде поставен, се наведува дека Ганди ги нарекувал Африканците „дивјаци“, „полу-безбожни домородци“, „нецивилизирани“, „валкани“ и „налик животни“.
Коментарите на Ганди се од времето на неговиот претстој во Јужна Африка, каде заминува на 23-годишна возраст, и се дадени „во обид да им се докаже на британските колонијални владетели дека индиската заедница во Јужна Африка е супериорна во однос на црните Африканци“.
Овие што сакаат да подарат споменикот коментираат дека „кампањата е насочена кон обезвреднување на богатата и комплексна историја на Ганди и неговите принципи на толеранција, мир и единство“. Тие потсетуваат дека Ганди, бил директна инспирација за историски ликови како Мартин Лутер Кинг и Нелсон Мандела.
Од организацијата спомнуваат и дека изјавите се дадени на почетокот од неговата адвокатска кариера и „под британско колонијално влијание“.