
Италијанскиот скулптор Маурицио Кателан на црна надгробна плоча има направено попис со сите претрпени порази на селекцијата на Англија од 1874 година до 1998-ма.
Провокативното дело ја содржи 124 историја на негативни резултати на Англичаните која почнува со поразот од Шкотска во Глазгов со 2:1, па се до поразот од репрезентацијата на Романија на Светското првенство во Франција 1998 година.
Плочата прв пат беше изложена во 1999 година во Лондон, а аукцијата почнала да се организира по елиминацијата на Гордиот Албион на Мундијалот во Бразил кога беше поразена од Италија и Уругвај. Ја купи анонимен сопственик од Франција за 425.000 фунти
Ова не е единственото контроверзно дело на Кателан. Тој има изработено плоча „Деветиот час“ на која метеор паѓа врз папата Иван Павле Втори и скулптура „Тој“ на која Хитлер е прикажан како клечи.
Ако сакате да зумирате на споменикот клик ТУКА.