Под споменикот на Алиев во природна големина, седнат пред голема мапа на Азербејџан во бел мермер, пишува дека се работи за човек кој ѝ бил бескрајно верен на татковината и на идејата за мир во светот. Од друга страна, противниците на овој потег потсетуваат на бројните наводи за неговото деспотското владеење со земјата.
А причината за неговото појавување во Мексико е многу проазична: Азербејџан дал 5 милиони долари за обвновување на два парка во Мексико Сити, со "сугестија" дека би било убаво во нив да се најде место за Алиев..
Азербејџанскиот амбасадор во Мексико вели дека споменикот нема за цел да подобрува нечија репутација бидејќи за тоа нема потреба и дека добрите врски меѓу двете земји траат од самото осамостојување на Азербејџан, кога Мексико беше една од првите земји која ја признаа неговата независност.
Инаку, споменик на Гајдар Алиев има и во нашето соседство, на Ташмајдан во Србија, како и во Киев и Букурешт.