Стејт Корп е финансиски гигант со седиште во Бостон кој располага со капитал од 2,6 трилиони долари.
Вниманието на јавноста го сврте инсталирајќи ја статуата на „Бестрашното девојче“ наспроти фамозниот бик на Вол Стрит.
„Девојчето“ не беше осамен потег на Стејт корп за зголемување на свеста за родовата нееднаквост. Фирмата соопшти и дека годинава ќе ги бојкотира реизборите во сите оние компании и комитети кои во своите највисоки тела имаат само мажи. 400 на број.
Но.
Не беше само општата јавност заинтересирана. За темата интерес покажал и американскиот департмент за труд па провериле како самите Стејт Корп стојат со ова прашање. Нивната инспекција утврдила дека постои дискрепанца меѓу платите на мажите и жените на исти позиции а дека жените кај нив се закинати и во поглед на бонусите и општите компензации.
Стејт корп се согласила вонсудски да го реши проблемот со исплата на 5 милиони долари на 300 свои вработени жени.