„Споменикот" е во форма на авион, Туполев 154М, каков што беше и оној кој се урна во густата магла во април 2010. Од прозорецот на кабината ѕиркаат озарените ликови на претседателот и неговата животна и авионска сопатничка. И на останатите прозорци има по некоја информација, фотографии од жртвите (сите насмеани), па дури и дел од авионот кој бил пронајден на местото на настанот.
Сè на сè еден крајно бизарен и грд споменик, кој кој знае дали им се допаѓа и на сите шестотини жители на селото. Нам сигурно не.