Да ги погодиш двете стативи со еден удар, а потоа соиграчот твој локум топката која требаше да ја даде мижеечки, да ја дувне во пречка е чудо над чудата. Немале ден овие и точка. Дупло поширок и повисок да беше голот пак ќе го направеа истото.
Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.
6 февруари 1958 е најцрниот ден во историјата на Манчестер Јунајтед. На овој ден пред 56 години во авионска несреќа загинаа осум фудбалери на една од најдобрите генерации на клубот.
Епа доста страдаше Џесика Кастроп на своето работно место. Овој пат на своја кожа како е да бидеш непријатно изненаден додека правиш интервју почувствува и една помлада нејзина колешка.
Едно тркало и многу помали делови од автомобилот на Кајл Ларсон летнаа во публиката и повредија 28 гледачи по застрашувачката несреќа на самиот финиш од НАСКАР трката во Дејтона. 14 повредени се префлени во болница, а еден е во животна опасност.
Авторот на за многумина култната „Галебот Џонатан Ливингстон" е во тешка состојба по несреќата која му се случила во американската сојузна држава Вашингтон, кога се срушил авионот со кој самиот управувал.
Две години по авионската несреќа кај Смоленск, во која загинаа 96 луѓе, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински, во селото Калков, јужна Полска, им е изграден споменик на жртвите. Тоа е уште една, само овој пат уметничка катастрофа.