76 загинати, 5 преживеани

Се сруши авион со бразилски фудбалери во Колумбија

Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.

Како што наведува АФП, шест лица го преживеале падот на авионот, меѓу кои четворица членови на фудбалскиот тим: играчите Данило, Џексон Фолман и Алан Рушел, масерот на екипата, плус новинарот Рафаел Хензел и член на екипажот стјуардесата Химена Суарез. За жал, еден од преживеаните, голманот Данило подоцна во болницата им подлегнал на повредите.

Во авионот имало 81 човек: 72 патника (48 луѓе од фудбалскиот клуб, 21 новинар) и 9 членови на екипажот.

Шапекоензе во моментов го зазема 9. место во првенството на Бразил и тимот летал на првиот меч од финалето на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) кое што е второ по ранг натпреварување во Јужна Америка после Копа Либертадорес. Во Меделин, Шапекоензе требаше да се сретне со Атлетико Насионал на 30 ноември. За жал, авионот се срушил на помалку од 50 километри од аеродромот каде требал да слета.

Спасувачките екипи веќе ги евакуирале преживеаните од местото на несреќата. Авионот модел „Аероспејс 146“ полетал од Сао Пауло во Бразил, имал едно слетување во Санта Круз де ла Сиера во Источна Боливија од каде што се упатил кон Колумбија, но се срушил близу Меделин, вториот најголем град во Колумбија.

 

Со истиот авион овој месец патувала и аргентинската фудбалска репрезентација.

„Изгледа дека снемало гориво во авионот“, рекол Елкин Оспина, градоначелник на градот во близина Ла Чеха.

Еден од преживеаните, Алан Рушел (27) постирал фотографија од авионот:

Голманот Данило и дефанзивецот Алан Рушел кои се преживеани седеле еден до друг во авионот

Моментот пред авионот со фудбалерите и останатите патници да полета од Колумбија:

Фудбалскиот тим Шапекоензе е бразилски прволигаш којшто во среда требаше да го одигра првиот меч од финалето на Копа Судамерикана против Атлетико Национал од Меделин. КОНМЕБОЛ, Јужно-американската фудбалска федерација ги откажала сите натпревари и активности.

Според непотврдени информации меѓу преживеаните патници во авионот којшто се срушил во Колумбија има четворица членови на фудбалската екипа: До сега колумбиските медиуми информираа дека преживеани се дефанзивецот на Шапекоензе Алан Рушел и голманите Данило (31) и Џаксон Фолман, како и еден физиотерапевт на екипата.

Колумбиските медиуми пишуваат дека во авионот се наоѓале и функционери на клубот, вкупно осуммина, тројца гости на клубот и 21 новинар. Во авионот имало 22 фудбалери: Данило, Фолман, Хименес, Денер, Алан Рушел, Карамело, Марсело, Фелипе Мачадо, Тиаго, Нето, Жосимар, Жил, Серхио Маноел, Матеус Битеко, Клебер Сантана, Артур Маија, Кемпес, Ананијас, Лукаш Комеш, Тиагуињо, Бруно Ранхел и Канела.

„Ова е неверојатна трагедија од огромни размери“, додава градоначелникот на Меделин Федерико Гутиерес.

Последната фотографија од тимот Шапекоензе:

Преживеаниот дефанзивец на Шапо, Алан Рушел (27)