Таг: копа судамерикана

Прв пехар за Креспо како тренер, се остри да води европски клуб

Четиересет и пет годишниот Ернан Креспо на 25 јануари 2020-та седна на клупата на малку познатиот аргентински клуб Дефенса и Хустисија. Година дена подоцна им донесе најголем успех во историјата.

Преживеаните на Шапекоенсе го посетија местото на трагедијата

Тимот на Шапекоенсе се врати во Колумбија, на меч од Рекопа (Супер Куп) против Атлетико Национал. Меѓу пристигнатите беа и преживеаните од авионската несреќа на 28. ноември лани - Џексон Фолман, Алан Рушел и новинарот Рафаел Хензел.

И децата што собираат топки не се тоа што беа

Коринтијас и Универзидад де Чиле се сретнаа во Копа Судамерикана, а ние го сретнавме првото дете - глумец што собира топка и што заслужува црвен за глума. Инаку детево бајаги пораснало.

Колумбиските навивачи оддадоа почит до Шапекоензе

Со многу запалени свеќи, со балони, чадори и шалови во зелено-бела боја, навивачите на Атлетико Национал "Los Del Sur“, тимот кој требаше да му биде противник на Шапекоензе во финалето синоќа оддадоа почит до загинатите бразилски фудбалери. Во меѓувреме колумбискиот тим официјално се откажа од титулата во Копа Судамерикана и побара од КОНМЕБОЛ да му ја врачи на Шапекоензе.

Кој е бразилскиот клуб кој имаше авионска несреќа?

Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.

Последното славје на загинатите Бразилци

Шапекоензе на 23 ноември испиша фудбалска историја откако во двомеч го мина Сан Лоренцо и за прв пат се пласираше во финалето на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа). Дома одигра 0:0, а на гости 1:1. Немаат титула во бразилската прва лига каде се пласираа во 2014-та, по пауза од 35 години.

Се сруши авион со бразилски фудбалери во Колумбија

Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.

Најемотивните фудбалски моменти во Перу

За Сиенсиано веројатно слушнале само тие што го прателе фудбалот во Јужна Америка пред 13 години. Се работи за клуб од Перу кој го има освоено првиот меѓународен трофеј, а тоа се случи во 2003-та кога во финалето на јужноамериканскиот куп го совлаа Ривер Плејт. Сцените се историски, неповторливи и незаборавни за Перуанците кои беа во делириум.

Сандра Роси, првата жена психолог во фудбалска Јужна Америка

Многу веѓи се кренале во Аргентина кога славниот клуб од Буенос Аирес решил за помошен тренер да назначи жена психолог по професија. Таа брзо ги демантира скептиците и станува најзаслужна за ведрата атмосфера во Ривер.

Сакам да шутнам, само не знам како

Дуелот меѓу чилеанскиот Хуачипато и парагвајската Олимпија од првото коло на Копа Судамерикана ја одбележи зицерот на домашниот центарфор Хавиер Парагес. Од многу мислење глава боли.

Голи водителки за поддршка на Македонија

Влатко Стефановски и Даниел Кајмакоски не помогнаа многу во мотивацијата на нашите фудбалери кои го загубија и овој квалификациски циклус за ЕП 2016. За следниот не е лошо да копираме од Венецуела која ги испрати своите репрезентативци на Копа Америка со следново видео.

Три дози Бока - Ривер за 10 дена

Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.

Лудило на Монументал, Ривер ја освои Копа Судамерикана

Славната Ривер Плата го победи Атлетико Национал 2:0 во реваншот од второто по ранг натпреварување во Латинска Америка и за прв пат во историјата стигна до пехарот во овој Куп, пандан на Лига Европа.

Неславен крај на Копа Судамерикана

Финалето на второто по ранг клупско натпреварување во Јужна Америка траеше само едно полувреме откако на полувремето од натпреварот помеѓу Сао Паоло и Тигре била нападната аргентинската екипа и тие не излегоа на теренот по паузата.