Оваа година се изнагледавме секакви траги-комични видеа од фудбалските терени од Јужна Америка, а врв на сето тоа е скандалозната завршница на Копа Судамерикана.
Во финалето на ова натпреварување се сретнаа бразилскиот Сао Паоло и аргантинскиот клуб Тигре, а по тензичното прво полувреме Бразилците водеа со 2:0.
Тензиите започнаа со кошкањата помеѓу двете екипи додека го напуштаа теренот, а потоа фудбалерите и тренерот на Тигре тврдат дека во соблекувалната биле пречекани од вооружени лица.
Тренерот на Тигре, Несто Горосито тврди дека дури и полицијата тепала неколку негови фудбалери и тие одлучиле да не го одиграат второто полувреме.
На крајот трофејот и беше доделен на екипата на Сао Паоло.