Шапекоензе е клуб основан во 1973. година а во најдобрата бразилска лига игра од 2014-та. Тимот е од градот Шапеко, лоциран во јужен Бразил во државата Санта Катарина. Пред десет години за малку не банкротирал и се спасил во 2009-та кога група месни бизнисмени собрала пари за спас на клубот. 30% од собраната сума отишла на плаќање на долговите (околу пола милион долари), а 70% за функционирање на Шапекоензе.
Тоа време екипата играла во бразилската Серија Д (петта по ранг), а набрзо (2012, 2013) обезбедиле пласман во третата, па втората лига. За да стигнат до финалето на Копа Судамерикана им требало 7 години пат од пониските дивизии.
Основната причина за успехот на Шапекоензе била започнатата финансиска консолидација. Клубот функционирал како компанија и станал клуб со најмал долг меѓу сите прволигашки екипи. Во Шапекоензе просечната заработка е околу 90.000 бразилски реали месечно или 26.500 долари.
Минатата година Шапекоензе дебитирал на меѓународен план и стигнал до четвртфиналето на Копа Судамерикана каде загубил од Ривер Плата (1:3 и 2:1). Пред пет дена екипата еуфорично го прославила историскиот успех и пласман во финалето на Копа Судамерикана откако го совладале аргентинскиот Сан Лоренцо.
Првиот дуел требаше да го играат на 30. ноември во среда навечер. Вториот меч, реваншот од финалето на Копа Судамерикана требал да се игра на 7. декември на стадионот на Шапекоензе „Арена Конда“ кој собира околу 22.600 гледачи, но управата решила да го организира во друго место - во Коритиба каде има модерна арена со 40.000 гледачи и каде се играа натпревари од Светското првенство.
КОМНЕБОЛ, Јужноамериканската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари и активности под нивни закрила се одложени на неопределено време.
Напаѓачот на Шапекоензе, Ананиас којшто е на позајмица од Крузеиро го постигнал решавачкиот гол на гости против Сан Лоренцо со што тимот се пласирал во финалето. За бразилскиот клуб играл и 21-годишниот играч од средината на теренот Матеус Битеко којшто бил позајмен од германскиот бундеслигаш Хофенхајм.
Клубот во Меделин требал да престојува во елегантниот хотел „Сан Фернандо“ со 4 ѕвезди близу Ботаничката Градина во овој град.
Последното видео на екипата пред полетувањето од Колумбија:
Тројца од фудбалерите на Шапокоензе кои не отпатувале за Колумбија:
Во соблекувалната на стадионот на Шапокоензе: