Преживеаните на Шапекоенсе го посетија местото на трагедијата

Тимот на Шапекоенсе се врати во Колумбија, на меч од Рекопа (Супер Куп) против Атлетико Национал. Меѓу пристигнатите беа и преживеаните од авионската несреќа на 28. ноември лани - Џексон Фолман, Алан Рушел и новинарот Рафаел Хензел.

Пет месеци подоцна, во Колумбија им приредија херојски пречек, а делегацијата го посети и местото каде што се сруши авионот во кој загинаа повеќе од 70 луѓе, воглавном фудбалери и тренери на бразилскиот клуб Шапекоенсе.

Преживеаните Џексон Фолман, Алан Рушел, Хелио Нето и Рафаел Хензел се вратија на местото каде на 28. ноември лани чудесно ја преживеаа страшната трагедија:

На целата делегација играчи и стручен штаб, градоначалинкот на Меделин Федерико Гутиерез им доделил почесни беџеви. Фудбалерите на Шапеко во Колумбија слетале заедно со своите семејства.

Што се однесува до резултатот од реваншот кој остана во сенка на посетата (првиот меч во Бразил заврши 1-2), Атлетико Национал славеше со 4-1 и со вкупни 5-3 ја освои Рекопа (пандан на европскиот Супер Куп). Бразилскиот тим преку Твитер им се заблагодари на Колумбија, на градот Меделин и пред сè на домаќинот Атлетико Национал на кого му ја честитаа победата.